Скопје. 6 октомври 2025 – АД МЕПСО започна постапка за подготовка на нова студија за поддршка на планирањето и развојот на инфраструктура за паметни електроенергетски мрежи, со цел побрза и посигурна интеграција на обновливи извори на енергија во националниот електропреносен систем.
Според Мрежните правила за пренос на електрична енергија, член 17, компанијата е должна на својата веб-страница да ги објавува сите релевантни подлоги и планови за развој на преносната мрежа. Документите за планирање на развојот на системот веќе се достапни за јавноста и можат да се преземат преку официјалниот линк на МЕПСО.
Од компанијата ги повикуваат сите корисници, институции од државната и локалната самоуправа, како и заинтересираните страни за приклучување кон електропреносната мрежа да поднесат свои предлози и коментари на објавените податоци на е-поштата mastregridplan@mepso.com.mk најдоцна до 15 октомври 2025 година.






