Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна познатата климатска активистка Грета Тунберг, изјавувајќи дека има проблем со контролата на бесот и дека „треба да посети доктор“.
„Таа само создава проблеми… веќе не ја интересира заштитата на животната средина. Млада е, но толку е лутa, толку е луда… треба да побара стручна помош“, рече Трамп.
Тунберг беше дел од Глобалната флотила Самуд – коалиција од над 40 бродови со 437 активисти, пратеници и адвокати кои тргнаа кон Газа со хуманитарна помош, со цел да ја пробијат 16-годишната израелска блокада. Израелската војска ги пресретна сите бродови и ги уапси членовите на екипажите, кои сега се задржани во затворот Кециот (Ансар III) во пустината Негев.
Грета, која беше меѓу уапсените, подоцна беше депортирана во Грција заедно со уште 160 активисти. Претходните случаи покажуваат дека Израел најчесто не ги гони казнено ваквите активисти, туку нивното присуство го третира како имиграциско прашање.






