Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

79 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА МАКЕДОНЕЦОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА!

by
2025-10-07
in Uncategorized
79 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА МАКЕДОНЕЦОТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА!

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

7 октомври 2025 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) потсетува дека на денешен ден, на 7 октомври 1946 година, пред 79 години, започна траорната церемонија – пренесувањето на моштите на великанот на македонското револуционерно движење од 20 век, големиот син на Македонскиот народ – Гоце Делчев, од Софија во Скопје – метрополата на нашата и неговата татковина Македонија!
Македонците, во знак на почит, три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година пеш го носеле ковчегот со моштите на Гоце Делчев од Софија преку Пиринскиот дел од Македонија, Струмица, Штип до Скопје.
СМК потсетува дека на 10 октомври 1946 година, Гоце Делчев е погребан во дворот на Македонската православна црква “Свети Спас“ во Скопје, до Калето.
Заветот е исполнет и коските на Гоце се донесени во главниот град на државата Македонија.
Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, а убиен е на 4 мај 1903 година во селото Баница, претходно предаден. Три години по убиството, во 1906 година, неговите останки биле откопани од Баница и минуваат долго патешествие. Имено, војводите Михаил Чаков и Таската Серски, една ноќ заминале тајно во селото Баница во Егејскиот дел на Македонија и ги откопале коските на Гоце Делчев, ги потопиле во шпиртус, ги ставиле во сандак и ги положиле до
олтарот на црквата во село Баница, а клисарот Никола го задолжиле да ги чува.
За време на Балканските војни и Првата светска војна, селото Баница трипати било палено, а еднаш и црквата, но олтарот и сандакот со моштите на Гоце Делчев останале неоштетени. За да ги зачува коските, Михаил Чаков повторно заминал во селото во 1919 година, ги зел моштите и тајно ги пренел во куќата во која живеел, каде скриени во подрумскиот простор ги чувал четири години.
На Илинден 1923 година ковчегот со посмртните останки на Гоце Делчев по четири години е изнесен од куќата на Михаил Чаков и однесен на чување во просториите на Илинденската организација во Софија. Таа била организација на македонските револуционери – емигранти, кои биле следбедници на идеалите на Гоце Делчев за независна Македонска држава.
Пред да биде изнесен од домот на Михаил Чаков, на ковчегот е запишан заветот: “Ги заколнуваме поколенијата, светите коски да бидат погребани во идната столица на независна Македонија! Август 1923, Илинден“.
Пренесувањето на коските на македонскиот револуционер од просториите на Илинденската организација во 1923 година било снимено со камера од македонскиот револуционер и публицист Арсениј Јовков, во документарниот филм “Македонија“. Филмот набргу бил забранет од бугарските власти, а една година подоцна, во 1924 година, Арсениј Јовков бил заклан по наредба на бугарскиот слуга Ванчо Михајлов.
Конечно, во 1946 година завршува патешествието на светите Гоцеви коски од Егејска низ Пиринска во Вардарска Македонија. По пат и во сите населени места каде што моштите поминале, Македонците масовно ги пречекале и испратиле.
СМК потсетува дека веднаш по завршувањето на Втората светска војна, Македонија побарала од Софија коските на Гоце Делчев да бидат пренесени во Македонија. Според некои извори, тоа го побарал Димитар Влахов, кој имал блиски релации со тогашниот бугарски претседател Георги Димитров.
Предавањето на моштите на Гоце Делчев било одобрено од Георги Димитров, чие потекло е од Пиринскиот дел од Македонија.
На испраќањето, Тодор Павлов, член на Бугарската Академија на науките и регент на Бугарија, одржал говор во кој меѓу другото рекол:
“Гоце Делчев можеме слободно да го сметаме за основач на Македонскиот Народно-ослободителен Фронт кој во нашето време успеа да ја воспостави слободна и суверена Македонска Држава, која слободно и самостојно се определи да стане рамноправна република во Титова Федеративна Југославија. Гоце со целата своја револуционерна активност и мисла, силно придонесе за основањето и развојот на македонската национална свест, македонска, а не бугарска или српска! Во едно од неговите писма Гоце напишал: ‘Како не се најде од мајка роден да напише барем една книга на македонски јазик’. Да беше Гоце сега жив, ќе му се наполнеше срцето да види дека денеска во Македонија се печатат многу книги, не само поезија и не само историски книги, напишани на литературен Македонски јазик. Овој чин, пренесувањето на останките на Гоце Делчев во новата слободна престолнина на Македонската Држава ќе биде од огромно историско и симболично значење, зашто ќе помине низ Пиринска Македонија. Македонија може, треба, и ќе биде обединета во нејзините природни и историски граници! Така обединета, силна, еманципирана, суверена и во секоја смисла прогресивна, ќе стане моќна алка која ќе ги спојува балканските демократски народи. Да живее слободна, суверена, Народна Република Македонија, сонот на нејзиниот бесмртен син Гоце Делчев!“
Моштите на Гоце Делчев се наоѓаат во саркофаг во дворот на Македонската православна црква “Свети Спас“ до Калето во Скопје, каде се чествува името и делото на Гоце Делчев, секоја година на Денот на раѓањето 4 февруари и на Денот на на убиството 4 мај. Положувањето на коските во саркофагот во дворот на црквата “Свети Спас” било извршено на 10 октомври 1946 година.
Вечна му слава и Царство небесно каде што почиваат душите на праведниците за великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев кој го препознаваше “светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Впрочем, Гоцевата мисла “светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ не е само како негова лична импресија, туку претставува експресија на генетскиот код на Македонската цивилизација како цивилизација на мирот и љубовта наспроти војната и омразата, како цивилизација на толеранцијата и коегзистенцијата наместо на дискриминацијата и сегрегацијата, и како цивилизација на културниот глобализам кој подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам која врз основа на профитните интереси на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се’ до нивна физичка ликвидација од земјината топка, како што британскиот колонијализам и американскиот империјализам за последните неколку века, стотици етноси, јазици, религии и култури избришаа од планетата Земја!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
Фејсбук статус на Тодор Петров
Previous Post

Димитровски: Додека едни блокираа, ние работевме за поубава и развиена Битола

Next Post

Лишени од слобода две италијански државјанки на граничен премин Табановце, кај нив е пронајдена дрога, следува соодветна пријава

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Лишени од слобода две италијански државјанки на граничен премин Табановце, кај нив е пронајдена дрога, следува соодветна пријава

Лишени од слобода две италијански државјанки на граничен премин Табановце, кај нив е пронајдена дрога, следува соодветна пријава

Recommended

ВО ЗЕЛЕНИТЕ ЗГРАДИ НИКОЈ НЕ САКА ДА ЖИВЕЕ – Сега добија несакани гости (ВИДЕО)

ВО ЗЕЛЕНИТЕ ЗГРАДИ НИКОЈ НЕ САКА ДА ЖИВЕЕ – Сега добија несакани гости (ВИДЕО)

5 years ago

Полицијата со полни раце работа: Серија на апсења во Македонија

11 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.