Телото на 33-годишниот Бобан Сјеклоќа од Цетиње, еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“, е пронајдено во близина на плажата Трстено во Црна Гора. Според првичните информации на РТЦГ, мажот бил убиен со прострелни рани.
Пожарникарите, кои први пристигнале на местото на настанот по пријава за сообраќајна несреќа, утврдиле дека станува збор за намерна ликвидација.
Сјеклоќа бил во бегство и бил опфатен со обвинение на Специјалното државно обвинителство за шверц со кокаин и организиран криминал. Тој бил обвинет и за поттикнување и помагање во убиството на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во Цетиње во 2020 година.
Дополнително, Сјеклоќа бил познат и по вмешаноста во регионална полициска операција која наводно спречила ликвидација на членови на соперничкиот „Кавачки клан“.







