Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година.
Корисниците кои поседуваат дебитни картички веќе од денеска можат да подигнат готовина на банкомати, како и да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажните објекти или преку електронско и мобилно банкарство.
За да се избегнат гужви пред и во банките, исплатата за корисниците кои немаат дебитни картички ќе се одвива во две групи, според азбучниот ред на презимињата:
На 6 октомври 2025 година ќе се исплаќаат надоместоците за лицата чии презимиња почнуваат со буквите А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л и Љ.
На 7 октомври 2025 година ќе следи исплатата за презимиња што започнуваат со М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ и Ш.
Исплатата ќе се врши во сите отворени филијали и експозитури на банките низ земјата, согласно утврдениот распоред, информира Министерството.






