Трамп се пофали: „Јас го предупредив на Осама бин Ладен“
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече внимание со тврдењето дека ја предупредил јавноста за Осама бин Ладен една година пред нападите на 11 септември 2001 година.
На церемонијата по повод 250-годишнината на американската морнарица, Трамп рече дека во неговата книга од 2000 година „Америка која ја заслужуваме“ го спомнал Бин Ладен, иако не повикал на негово апсење или ликвидација. „Морам да си дадам признание, бидејќи никој друг нема да ми го даде“, додаде Трамп.
Тој истакна дека според неговата оценка, Бин Ладен имал само еден напад, додека како претседател тој се справил со „многу поопасни терористи“ како основачот на ИСИС, Ел Багдади, и Сулејмани, кои, според него, биле многу поголеми закани од Бин Ладен.






