Корисниците на улицата „Никола Вапцаров“, на потегот од Министерството за правда до плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје, утре од 8 часот ќе останат без водоснабдување.
ЈП Водовод и канализација-Скопје соопшти дека прекинот е поради дефект на ул. „Димитрија Чуповски“ бр.10 во Општина Центар и дека водоснабдувањето ќе биде обновено веднаш по санирањето на дефектот.
Екипите на претпријатието ќе работат на терен со цел што побрзо да се реши проблемот.






