По студениот и врнежлив почеток на месецот, метеоролозите најавуваат дека Македонија ја очекуваат уште неколку денови со нестабилно време, по што ќе следи стабилизација и благ пораст на температурите.
Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје се предвидува слична временска состојба – променливо облачно со повремени сончеви интервали и јужен ветер, кој повремено ќе засилува.
Во текот на утрешниот ден се очекуваат повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер, кој ќе донесе посвеж воздух и намалување на дневните температури.
До среда ќе продолжи променливото време со краткотрајни врнежи и температури под просекот за овој период од годината.
Од четврток, според прогнозите, следува постепена стабилизација на времето – суво, потопло и со повеќе сонце, што ќе донесе вистински есенски денови низ целата земја.







