Претседателот на Бугарија, Румен Радев, соопшти дека Македонија е подготвена да помогне во справувањето со последиците од катастрофалните поплави што ја зафатија земјата.
„И се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за искажаната подготвеност на РСМ да даде поддршка во справувањето со последиците од катастрофата,“ напиша Радев на својот профил на X.
Во разговорот меѓу двајцата претседатели, Сиљановска Давкова изразила солидарност и сочувство со бугарскиот народ и семејствата на настраданите, нагласувајќи дека Македонија е подготвена да обезбеди конкретна помош, доколку тоа биде побарано од бугарските власти.
Бугарија моментално се соочува со тешки последици од обилните врнежи кои предизвикаа поплави во неколку региони, при што има и човечки жртви, како и значителна материјална штета.
Ова е уште еден пример на добрососедска соработка и регионална солидарност, особено во време на природни катастрофи што бараат брза и заедничка реакција.







