Градовите со најмногу милионери во светот
Британската консултантска компанија Henley & Partners направи истражување за тоа кои градови имаат најмногу милионери, а резултатите покажуваат дека мнозинството живеат во Северна Америка и Азија.
Според студијата, во Њујорк живеат 384.500 милионери, што е зголемување во однос на минатата година (349.500). Во градот живеат и 818 лица со имот вреден над 100 милиони долари и 66 милијардери. Заливот на Сан Франциско е на второто место со 342.400 милионери, 756 лица со имот над 100 милиони долари и 82 милијардери. Токио е трет со 292.300 милионери.
Од Европа, само Лондон и Париз се меѓу десетте најбогати градови, додека Франкфурт на Мајна е 19-ти со 80.300 милионери, 132 лица со над 100 милиони долари и 13 милијардери.
20-те најбогати градови во светот:
Њујорк, САД
Сан Франциско, САД
Токио, Јапонија
Сингапур
Лос Анџелес, САД
Лондон, Велика Британија
Париз, Франција
Хонг Конг
Сиднеј, Австралија
Чикаго, САД
Милано, Италија
Пекинг, Кина
Осака–Кјото–Кобе, Јапонија
Шангај, Кина
Торонто, Канада
Мелбурн, Австралија
Хјустон, САД
Дубаи, ОАЕ
Франкфурт, Германија
Цирих, Швајцарија






