Новиот сој на коронавирус, означен како XFG и неформално наречен „Франкенштајн“, стана доминантен во Европа. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), овој сој во почетокот на септември сочинувал повеќе од 80 проценти од регистрираните инфекции.
Инфектологот Алесандро Дијана, експерт на платформата InfoVac, објаснува дека станува збор за варијанта која е спој на два подсоја на омикрон.
Иако е значително позаразна, новата варијанта не се смета за поопасна во однос на тежината на симптомите. Клиничката слика е слична – најчесто со кивавица, болки во грлото и во мускулите.
„Секоја личност која во моментот има симптоми на настинка, болки во грлото и телото, можно е да има ковид“, изјави д-р Дијана, додавајќи дека достапните вакцини и понатаму се ефикасни и против овој сој.






