На 04.10.2025 во 03:10 часот на улица ,,Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишија од слобода Џ.Ш.(24) од Р. Турција, кој се движел со патничко моторно возило ,,голф” со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана. По добиена судска наредба, во 09:30 часот извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој престојувал, и при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. По документирање на случајот, против Џ.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






