Високиот крвен притисок е еден од најчестите и најопасни здравствени проблеми, поврзан со срцеви и васкуларни болести. Клучна улога имаат исхраната, физичката активност и лековите – а и ужините можат значително да влијаат.
Кандидатот број еден според кардиологот д-р Тарикшах Сајед се фстаците (без сол). Тие се богати со калиум, антиоксиданси и растителни стероли, кои го намалуваат „лошиот“ LDL холестерол, го зголемуваат „добриот“ HDL и придонесуваат за стабилен крвен притисок.
Препорачаната количина е 30–55 грама дневно, а ефектите може да се почувствуваат веќе по четири недели редовна консумација. Најдобро е да се комбинираат со овошје богато со влакна и антиоксиданси.







