Германија призна немоќ: Откриена слаба точка на Бундесверот
Германската армија не е во состојба да пресретне непознати дронови кои во последните недели се појавија над клучни локации, поради недостиг на капацитети и ризик за цивилниот воздушен сообраќај, објави „Билд“. Весникот ги нарече овие сознанија „отрезнувачки“ и ги поврза со укинувањето на противвоздушната одбрана во 2010 година, кога беа повлечени самoдвижните топови „Гепард“.
Иако Германија сè уште користи неколку системи – американските ракети „патриот“, станици MANTIS и ракетниот систем „озелот“ – експертите предупредуваат дека земјата нема доволно капацитети за краткорочна одбрана.
Последниве недели беа забележани мистериозни светлечки дронови над повеќе европски земји, вклучително и Германија. Западните влади го обвинија Кремљ за „хибриден напад“, додека руската разузнавачка служба тврдеше дека провокациите се инсценирани од Киев.







