Обичното утринско кафе може да стане вистински еликсир за здравјето ако се додадат три едноставни состојки, тврди д-р Саураб Сети, гастроентеролог со образование од Харвард. Тој на својот Instagram профил @doctor.sethi објасни дека овие додатоци не само што го подобруваат вкусот, туку и го заштитуваат срцето, мозокот и цревата.
Првиот состојок е циметот – малку цимет може да помогне во намалување на скоковите на шеќер во крвта и да обезбеди силни антиоксиданси кои штитат од болести како срцеви заболувања, рак, дијабетес и Алцхајмерова болест.
Вториот е МСТ масло (medium-chain triglycerides) од кокос или палмово масло, кое обезбедува стабилен извор на енергија и го поддржува здравјето на мозокот. За разлика од другите масти, МСТ маслото се обработува директно во јетрата и се користи како брзо гориво за телото.
Третиот состојок е какао во прав, богато со полифеноли кои го потхрануваат растот на добрите цревни бактерии, како Lactobacillus и Bifidobacterium, обезбедувајќи подобро варење и зајакнување на имунитетот.
Д-р Сети истакнува дека дури и мала промена како додавање цимет, МСТ масло и какао во секојдневното кафе може да има големо влијание врз здравјето, создавајќи пијалок кој го разбудува телото и долгорочно го чува здравјето на срцето, мозокот и цревата.







