На 02.10.2025 околу 20:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат село Пирок – Тетово, во Мала Речица, патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од А.С. (22) од Косово, удрило во полициски службеник С.А. (26) од село Шипковица, Тетово.
Полицаецот вршел обезбедување на место на сообраќајна незгода и се здобил со повреди, кои му биле констатирани во Клиничка болница Тетово.
По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Тетово.







