На конференцијата за контрола на тутун во Скопје беа откриени загрижувачки бројки за влијанието на пушењето во Македонија. Заменичката шефица на мисијата на УНДП во Скопје, Ана Чернишева, истакна дека пушењето тутун годишно одзема околу 5.000 животи и предизвикува финансиска штета од речиси 1 милијарда евра.
Според истражувањата, речиси половина од граѓаните во Македонија редовно пушат, што ја става земјата меѓу оние со највисоки стапки на континентот – 48,4%. Тутунот предизвикува повеќе од 5.000 смртни случаи и чини 5,6% од БДП годишно.
Чернишева нагласи дека инвестирањето во политики поддржани од Светската здравствена организација е ефикасно: секој денар вложен во контрола на пушењето може да врати 18 денари и да спаси животи.







