Прилеп – Вчера во 12:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на локација викана „Крушеански чаир“ во атарот на село Врбјани, Прилепско, била пронајдена експлозивна направа.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал и безбедно отстранал напавата, при што било утврдено дека се работи за рачна бомба од Првата светска војна.
Се истакнува дека нема повредени лица и дека местото било обезбедено за време на постапката.





