Во Русија денеска се тестираа системите за јавна тревога и сирени за вонредни ситуации. Жителите ширум земјата ги слушаа алармите на улиците, преку звучници и медиуми, иако не сите го почувствуваа сигналот.
Најмасовно се огласија сирените во Омск, Санкт Петербург, Ростов на Дон, Самара и Пенза, а градоначалниците апелираа на мирно однесување. Претходно, граѓаните беа информирани за тестирањето, па реакцијата беше смирена.
Тестовите доаѓаат само ден по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД испратиле нуклеарни подморници близу руската граница како одговор на заканите од Москва.
Русија работи на нов регионален систем кој во следните четири години ќе покрие 75% од населението, за побрза и поефикасна реакција во случаи на опасност.







