Воен авион исчезна од радарите и беше пронајден со помош на хеликоптер на противпожарната служба и воздухопловните сили на Италија, пренесе АНСА.
Во авионот имало двајца пилоти, кои загинале при несреќата. Еден од нив бил полковник Симоне Метини (48), додека другиот бил на обука. Авионот Т-260Б припаѓал на 70-то крило во Латина и бил во лет за обука, соопштија италијанските воздухопловни сили. Причината за падот сè уште не е утврдена.
Министерот за надворешни работи, Антонио Тајани, изрази сочувство: „Длабоко сум ожалостен поради загубата на двајца припадници на италијанските воздухопловни сили. Моите мисли се со семејствата на жртвите.“
Авионот бил лоциран во близина на Сабаудија, а италијанските служби продолжуваат со истрагата за причините на трагедијата.






