Кандидатот за советник од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, Ангел Карапетров, денес изврши увид во градежните активности во Блок 70.

Тој информираше дека е во тек целосна реконструкција на детското игралиште, а започна и асфалтирањето на улицата 180.

„Со овие проекти обезбедуваме подобри услови за децата и поквалитетен сообраќај во ова населено место. Чекор по чекор, со поддршка на Владата и министерот за спорт Борко Ристовски, одиме напред и ги решаваме најгорливите проблеми,“ изјави Карапетров.






