Тетово – Поради дефект на главната водоводна цевка Ф300 во населбата И.Р. Лола, снабдувањето со вода за пиење е прекинато за половина од градот.
Екипите на ЈКП „Шар“ се на терен и работат со максимален капацитет за што побрзо нормализирање на водоснабдувањето. Граѓаните се замолуваат за разбирање, а водоснабдувањето ќе биде обновено веднаш по санацијата на дефектот.







