Грчкиот парламент денес ги објави имотните декларации на лидерите на политичките партии и на повеќе од 1.000 функционери, пренесе „Катимерини“. Документите се достапни во форма каква што биле поднесени, без претходна ревизија.
Премиерот Киријакос Мицотакис (Нова демократија) пријавил 70.457 евра приходи, инвестиции од над половина милион евра, 11 банкарски сметки со 110.663 евра и 26 недвижности.
Лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, пријавил 128.610 евра приходи и речиси еден милион евра депозити во Белгија, како и недвижности во Крит, Атина и Белгија.
Сократис Фамелос (СИРИЗА) навел 72.502 евра приходи, депозити од 57.841 евра, осум имоти во Грција и Германија и еден автомобил.
Димитрис Куцумбас (Комунистичка партија) пријавил 66.159 евра приходи, 10.686 евра депозити и два имота.






