Лидерот на палестинскиот Исламски џихад, Зијад ал-Нахала, изјави дека американско-израелските објави за Газа се „рецепт за дизање на регионот во воздух“.
Палестинската управа во Рамала, пак, го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната и изрази доверба во неговата способност да донесе мир.
Од Хамас порачаа дека сè уште немаат добиено писмен план, иако Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон најавија поддршка за иницијативата.
Планот на Белата куќа, во 20 точки, предвидува итен прекин на огнот, размена на заложници и затвореници, постепено израелско повлекување од Газа, разоружување на Хамас и воспоставување преодна меѓународна власт предводена од Трамп.






