Путин: Русија тргнува во офанзива
Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до граѓаните по повод годишнината од приклучувањето на ДНР, ЛНР, Запорожје и Херсон кон Русија.
„Пред три години милиони наши сонародници донесоа историска одлука да бидат со својата татковина. Денес, бранејќи го тој избор, нашите борци и команданти тргнуваат во напад“, порача Путин.
Тој нагласи дека целата земја води „праведна битка“ за националните интереси, традицијата и културата.
Обраќањето дојде еден ден по потпишувањето на указ за нова мобилизација. Во периодот од 1 октомври до 31 декември 2025 ќе бидат повикани 135.000 млади граѓани од 18 до 30 години, кои не се во резерва. Истовремено ќе бидат отпуштени војниците на кои им завршил рокот на служење.







