Северна Кореја повторно го потврди својот став дека никогаш нема да се откаже од нуклеарната програма, јави NHK World.
Заменик-министерот за надворешни работи, Ким Сон Гјеонг, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН остро ги критикуваше заедничките воени вежби на САД, Јужна Кореја и Јапонија, оценувајќи дека тие ја зголемуваат нестабилноста на Корејскиот Полуостров.
„Благодарение на зголемената нуклеарна и воена моќ на нашата земја, волјата на непријателските држави да започнат војна е целосно потисната“, истакна тој, додавајќи дека барањата за денуклеаризација се рамни на одземање на суверенитетот на Пјонгјанг.
Овој месец, и лидерот Ким Џонг-ун во Пјонгјанг порача дека преговори со Вашингтон се можни само ако САД се откажат од условот Северна Кореја да ја укине својата нуклеарна програма.






![Објавени првите снимки од падот на авионот: Страшни глетки, леталото во пламен и целосно уништено [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-12-120906.png)
