НАТО објави фотографија од најголемиот носач на авиони во светот, американскиот USS „Џералд Р. Форд“, како плови во норвешките води, опишувајќи ја сцената како „нешто што не се гледа секој ден“.
Истовремено, Скандинавија ја потресуваат серија инциденти со непознати дронови. Данското Министерство за одбрана потврди дека вторпат за две ноќи евидентирало летови над своите бази, поради што беше затворен и аеродромот во Копенхаген. Затворањето на аеродромите за цивилни летови ќе трае до петок.
Слични случаи се регистрирани и во Норвешка, каде дронови се појавиле во близина на воени објекти. Како одговор, НАТО најави засилување на мисијата во Балтичкото Море со фрегата за противвоздушна одбрана и дополнителни средства за надзор.
Алијансата неодамна ја активираше и мисијата „Источна стража“, за зајакнување на источниот фронт поради честите инциденти со руски дронови во полскиот воздушен простор. Москва ги демантира овие наводи.







