Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин откако во неговото возило биле пронајдени 27,6 килограми кокаин. Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на автомобилот.
Полицијата го конфискува кокаинот и возилото, а осомничениот е спроведен во притвор во затворот во Катанија. Според албанските медиуми, во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, главно осудени за трговија со дрога.







