Трагедија во Украина: 12-годишно девојче меѓу загинатите во руските напади врз Киев и Запорожје
Во нов бран руски напади врз Киев, Запорожје и регионите Соломјански и Свјатошински, уништени се повеќе станбени згради и објекти, а последните информации потврдуваат најмалку четворица загинати, меѓу кои и 12-годишно девојче. Според регионалните власти, најмалку 10 лица се повредени.
Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, информираше дека во нападите врз градот се повредени пет лица, а оштетувањата на станбените комплекси се значителни.
Главниот советник на претседателот Володимир Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека нападите биле изведени со беспилотни летала и ракети.
Претходно, во Украина беше прогласена голема воздушна тревога откако полета борбен авион МиГ-31, што го зголеми стравот од масовни ракетни удари.






