ChatGPT повеќе нема да учествува во „флерт разговори“: Нови правила за малолетници
OpenAI воведува нови опции за родителска контрола со цел заштита на помладите корисници на ChatGPT. Родителите ќе можат да го следат користењето, да поставуваат периоди кога платформата нема да биде достапна и да добиваат известувања ако системот процени ризик.
Извршниот директор Сем Алтман истакна дека за тинејџерите безбедноста е поважна од приватноста, па затоа е неопходна дополнителна заштита.
Според новите насоки, ChatGPT нема да биде достапен за „флертување“ со корисници под 18 години, а построги мерки се воведуваат и во разговори поврзани со самубиство. Во потешки случаи, системот ќе ги извести родителите, а по потреба и надлежните служби.







