Тајни документи: Русија ја обучува Кина за можна инвазија врз Тајван во 2027 година
„Киев индепендент“ објави дека Русија наводно се согласила да ѝ помогне на Кина во подготовка на воздухопловно-десантен баталјон за можна инвазија врз Тајван во 2027 година. Информациите потекнуваат од протечени документи на хакерската група „Црна месечина“.
Според британскиот Кралски институт за одбранбени студии, Кина сè уште нема капацитети за ваква операција, па Русија од 2023 година ѝ обезбедува оружје, техника и технологија за производство. Во документите се споменуваат десетици амфибиски возила, самоодни топови и оклопни транспортери.
„Вашингтон пост“ забележува дека иако кинеската армија е технолошки понапредна во одредени сегменти, Русија располага со борбено искуство во воздушно-десантни операции, што е од особено значење за Пекинг.
И покрај официјалната неутралност во војната во Украина, Кина индиректно ја поддржува Москва преку трговија и снабдување со стоки со двојна намена.






