На 24 септември, околу 18:16 часот, во полициската станица во Скопје е пријавено дека 38-годишниот К.К. од Скопје е пронајден мртов во својот дом на подрачјето на Кисела Вода.
На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, а лекарот ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција за да се утврдат причините за смртта.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, собирајќи ги сите потребни информации за настанот.






