Трамп одобри удари во Русија доколку се гаѓа украинската енергетска инфраструктура
Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал одобрување за удари во длабочините на Русија ако руските сили продолжат со напади врз украинската енергетска инфраструктура, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски додаде дека Трамп размислува и за испорака на оружје кое би го принудило рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачката маса. Зеленски истакна дека, доколку Украина го добие ова оружје, ќе го користи строго против воени цели, не против цивили.
„Прво, тие треба да знаат каде се нивните засолништа. Ако не ја запрaт војната, сепак ќе им бидат потребни“, предупреди Зеленски, директно упатувајќи порака до руските официјални лица.






