Околу 50 % од бензинските пумпи на окупираниот Крим и во Севастопол престанале да продаваат гориво поради проблеми со снабдувањето, објави рускиот провладин Комерсант.
Најпогоден е Јужниот федерален округ, каде повеќе од 220 пумпи (14,2 %) ја сопреле продажбата. Намалувања на снабдувањето се забележани и во други региони на Русија.
Проблемите се јавија по серија украински напади со дронови врз руски рафинерии, поради што Москва беше приморана да го ограничи извозот на гориво. Според Financial Times, од август 2025 Украина погодила најмалку 16 од 38 рафинерии, што го сведе извозот на дизел на најниско ниво од 2020 година.
Украина повикува на нови западни санкции врз руската енергетика, додека американскиот претседател Доналд Трамп бара Европската унија да ја намали зависноста од руски енергенси. Во меѓувреме, руската економија е под силен притисок од санкциите, високата инфлација и растечките трошоци за војната.






