Киев – Руските сили денес, на 24 септември, изведоа комбиниран напад врз една од единиците за обука на Украинските Копнени сили, при што беа употребени два балистички проектили од типот „Искандер“.
Во официјалното соопштение од Украинските Копнени сили се наведува дека сите надлежни итни служби се на терен, а повредените добиваат неопходна медицинска помош. Континуирано се вложуваат напори за опремување на центрите за обука и другите воени објекти со сигурни засолништа, со цел заштита на животите и здравјето на персоналот.
Дополнително, се преземаат мерки за поголема безбедност на војниците за време на ракетни и воздушни напади, со што се обидуваат да се намалат последиците од ваквите напади.







