На 23 септември 2025 година, во 21:50 часот, С.Т.(24) од Тетово пријавил во СВР Тетово дека истиот ден околу 18:45 часот, додека се движел заедно со својата сопруга по улица „29-ти Ноември“, бил заплашен од двајца малолетници пред влезните рампи на Клиничката болница Тетово.
Според пријавата, малолетниците стоеле покрај паркиран мотоцикл и му наредиле на С.Т. да ја соблече маичката, при што му се заканувале со нож. Тој успеал да се заштити, наведнувајќи се да земе камен, по што напаѓачите побегнале.
Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.






