„Бугарите во С Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои може да се организираат како колективна заедница, и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно споменување во Уставот“, изјави синоќа на ТВ21шефот на македонската дипломатија.
На забелешката дека во тој случај ќе треба да се менува Уставот, Османи одговори оти нема резерви да бидат споменати како посебна етничка заедница.
„Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на која било страна“, рече Османи, пренесува МКД.МК.






