Македонската фудбалска репрезентација до 15 години денеска забележа победа од 1:0 против Косово на контролниот натпревар одигран во Приштина.
Голот за македонскиот состав го постигна Јован Јанчевски во 15. минута, донесувајќи им триумф на младите фудбалери предводени од селекторот Горан Станковски. Во текот на натпреварот Македонија имаше уште неколку одлични шанси за поубедлив резултат, кои не беа реализирани.
Следниот контролен меч меѓу двете селекции е закажан за 25 септември со почеток во 13:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.






