На 22 септември 2025 година, околу 13:15 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, при што бил употребен тврд предмет.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје од страна на неговиот татко, К.Р. (40) од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на инцидентот и утврдување на сите околности околу нападот.







