СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А. (19) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Според пријавата, на 13 јули 2025 година, во дворот од семејната куќа, 19-годишниот му се заканувал со остар предмет на неговиот 47-годишен татко. Случајот е целосно документиран и процесуиран, а против пријавениот ќе следува соодветен поднесок.






