Руското Биро за надворешно разузнавање (SVR) објави дека Европската унија планира „окупација“ на Молдавија и распоредување на НАТО-трупи во регионот на Одеса за да го заплаши Придњестровјето, пренесува Tass.
„Целта е да се задржи Молдавија во рамките на русофобичната политика на Брисел, по секоја цена, вклучително и со распоредување на војски и де факто окупација на земјата. Во овој момент, војските на земјите-членки на НАТО се концентрираат во Романија, близу границата со Молдавија“, соопшти SVR.
Според руската разузнавачка агенција, десантни сили на НАТО се подготвуваат за распоредување во Одеската област, а прва група професионални војници од Франција и Британија веќе е на терен.
Од друга страна, претседателката на Молдавија, Маја Санду, се обрати до граѓаните предупредувајќи дека Русија се подготвува да ја дестабилизира земјата преку можна окупација на Одеса и нарушување на безбедноста во Придњестровјето.






