Мендух Тачи, гостувајќи синоќа во дебатната емисија на ТВ21, изјави дека ќе ги обелодени сите кои го „молеле“ Христијан Мицкоски, доколку ДУИ продолжи со манипулации.
Тачи додаде дека жали што се приклучил на Европскиот фронт, но и дека го почитува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ затоа што го исполнил ветувањето да не го земе Али Ахмети во Владата.
„Ако отворат уста уште еден збор, тогаш на следниот јавен настап ќе кажам колку пати го молеа Мицкоски. Кој, со имиња и презимиња, бизнисмени од Скопје, луѓе од Албанија, колку се поклониле, и како се согласиле да влезат во Владата дури и без претседател на Парламентот“, рече Мендух Тачи.






