Аеродромот „Каструп“ во Копенхаген вечерва е затворен поради присуство на дронови, по што данската полиција започна масовна акција. Според сведоци, целиот аеродром е блокиран, а голем дел од летовите се откажани или пренасочени кон аеродромот во Малме.
„Тешко е да се каже, но најверојатно станува збор за поголеми беспилотни летала,“ изјави портпаролот на полицијата во Копенхаген, Хенрик Штормер, за шведската телевизија TV4.
Сведоци опишуваат силно полициско присуство. „Сега седам надвор на паркингот. Требаше да ја земам сопругата од аеродромот, но нејзиниот лет сè уште кружи во воздух,“ изјави еден патник за шведските медиуми.
Паралелно, околу 21 часот во Норвешка бил активиран аларм за дрон над воената област на тврдината Аркешус во Осло. Според норвешката одбрана, беспилотните летала биле детектирани од системите за надзор.
Норвешката полиција потврди дека се уапсени две лица од Сингапур во врска со случајот, јавува НРК.






