Две лица се повредени во сообраќајна незгода која се случи попладнево на раскрсницата кај „Охрид мол“. Во инцидентот учествувале патничко моторно возило „Ауди“ и моторциклист.
Повредените веднаш биле префрлени во болница. Според првичните информации, еден од патниците на моторциклот удрил во шофершајбната на возилото со глава. Двете лица од моторот не носеле заштитни кациги, што придонело до сериозноста на повредите.
Полицијата го расчистува случајот и апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и да користат заштитна опрема.







