Скопје е затрупано со ѓубре. Дури и диви депонии се распостилаат во најурбаните делови на градот.
Што се случува со Комунална хигиена? Дали јавното претпријатие работи или е затворено, а јавноста за тоа не е информирана? Дали граѓаните самите треба да си го собираат ѓубрето или да си го складираат дома?
Ова се дел од прашањата кои се актуелни на социјалните мрежи од жителите на Скопје.
Граѓаните редовно споделуваат фотографии на социјалните мрежи од расфрлано ѓубре, од преполни контејнери и диви депонии. Бараат итна реакција од надлежните.
Каде е градоначалничката Данела Арсовска, зарем таа заборави дека неа мандатот уште не и е завршен, прашуваат скопјани.
И градоначалниците на скопските општини реагираат, при што некои од нив сами наоѓаат решенија колку толку да го исчистат сметот.
Ако, ова состојба продолжи вака до завршувањето на изборите, постои опасност цело Скопје да се претвори во една голема дива депонија.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






