Земјотрес од 4,6 степени ја погоди Турција
Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на длабочина од седум километри, на околу 57 километри југоисточно од градот Баликесир во западна Турција.
Засега нема информации за повредени или материјална штета. Овој регион веќе беше погоден од земјотреси во август и септември.






