Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави формирање на посебни единици за јуришни дронови во составот на украинската армија, пренесува „Газета.ру“. Новите сили ќе имаат своја организациска структура и ќе делуваат како одделен род војска.
„Ќе создадеме одвоени јуришни сили со компонента на дронови. Одлуката е донесена, и наскоро ќе биде регулирана на правен план. Во рок од околу еден до десет дена, сè ќе функционира“, изјави Зеленски за украинските медиуми.
Најавата доаѓа во период кога украинските сили се сè повеќе зависни од беспилотни летала за напади и извидувачки мисии. Истовремено, Украина разви мобилен ласерски систем „Шафран“ кој може да уништува дронови на растојание до еден километар, како одговор на сè поголемата примена на дронови во модерното војување.







![[ВИДЕО] Над 500 повредени во страшната експлозија во иранско пристаниште: Објавени првите снимки од експлозијата](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-26-141316.png)