Овен
Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале. Убавите моменти брзо поминаа, па сега треба да се соочите со сопствените слабости. Пријателите ќе ве поддржат и ќе ви го подобрат расположението.
Бик
Морате сами да се справите со проблемите што ви се натрупуваат. Обидете се да не ја префрлате вината на другите. Внимавајте на финансии и избегнувајте непотребни трошоци. Сепак, ќе бидете подготвени за нови проекти.
Близнаци
Ќе запознаете нови луѓе и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите. Некој разговор ќе ве поттикне да вложите дополнителни напори во вашите цели. Пријателите можат да ве изненадат во викендот.
Рак
Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги оживеете спомените. Викендот е идеален за средби и дружби какви што биле порано.
Лав
Викендов можат да се случат неочекувани настани со поволен исход. Деловната сатисфакција е присутна, но не ве исполнува целосно. Вашата нескромност може да ве натера да очекувате повеќе од реалноста.
Девица
Мислите се свртени кон љубов и создавање семејство. Имате желба веднаш да знаете на што сте, но околностите можеби тоа не го дозволуваат. Трпението е важно.
Вага
Стресот од претходните денови ќе се намали. Викендот носи среќа и добро расположение. Во вечерните часови посетете пријател и уживајте во заедничко кафе.
Шкорпија
Ќе посакувате мир и спокојство. Саботната вечер е најдобро да ја поминете дома со саканите или со блиски пријатели, во приватна и мирна атмосфера.
Стрелец
Конфликти и критики можат да создадат проблеми. Немојте веднаш да реагирате – наскоро ќе се појават подобри можности за договори и компромиси. Очекувајте поволен деловен развој.
Јарец
Тешкотиите во комуникацијата со околината се последица на пречувствителност. Ако некој побара финансиска помош, внимавајте на ветувањата. Обидете се да се релаксирате.
Водолија
Се појавуваат нови ситуации и можеби не знаете како да реагирате. Поставувајте прашања и прибирајте информации – тоа ќе ви помогне да донесете подобри одлуки. Подгответе се за нови можности.
Риби
Сега е време да ги ставите вашите потреби и ставови на прво место. Помагањето на другите е добро, но постои граница која треба да се почитува. Поминувајте повеќе квалитетно време со партнерот.







