Португалија во недела ќе ја признае независноста на Палестина, соопшти Министерството за надворешни работи во Лисабон.
„Министерството за надворешни работи потврдува дека Португалија ќе ја признае Државата Палестина… официјалната декларација ќе биде објавена во недела, 21 септември“, стои во соопштението.
Министерот за надворешни работи Пауло Рангел претходно оваа недела најави дека владата сериозно ја разгледува можноста за признавање на палестинската држава, пренесе „Ројтерс“.
Генералното собрание на Обединетите нации уште во ноември 2012 година го прифати де факто признавањето на Палестина, кога нејзиниот статус беше надграден од „ентитет“ во „држава нечленка“.
Одлуката на Португалија, според дипломатски извори, може да послужи како пример и за уште неколку европски земји кои размислуваат да го следат истиот чекор.






