Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа пристигна во државна посета на Велика Британија, објави Би-Би-Си. Тој е придружуван од сопругата Меланија Трамп.
Ова е негова втора државна посета на Лондон, без преседан во односите меѓу двете земји. Првата се одржа во 2019 година, во неговиот прв претседателски мандат, кога беше гостин на кралицата Елизабета Втора, која почина во 2022 година. Сега негов домаќин ќе биде кралот Чарлс III.
Авионот „Ер Форс Уан“ слета на лондонскиот аеродром Станстед, каде што Трамп беше пречекан од британската министерка за надворешни работи Ивет Купер.
Посетата, која ќе трае два дена, ќе биде исполнета со церемонијални настани и средби на највисоко ниво. Пред заминувањето од Вашингтон, Трамп изјави дека е „голема чест“ да биде првиот американски претседател кој двапати е поканет на државна посета во Велика Британија.
САД и Велика Британија остануваат блиски сојузници и често ја истакнуваат својата „специјална врска“.






